Остануваат помалку од 15 дена до големиот натпревар на некогашните големи ривали во Југославија, шампионите на Македонија и Хрватска, големите Вардар и Динамо Загреб. Првиот натпревар во Скопје ќе се одигра на 12-ти вторник (чекаме официјална потврда) а реваншот седум дена подоцна во Загреб.
Вардаровите навивачи од ден на ден се по нестрпливи… Вардар Фанс се труди веќе една недела да ја мобилизира Вардаровата публика преку разни настани на фејсбук, информации и слично. Веќе на нашиот официјален настан, има повеќе од 2 илјади потвредни гости, а на последниот статус има преку илјаду потвредни гости. Но, тоа не е се, нашата пошта од ден на ден е се по посетувана, односно Вардаровите навивачи бараат информации околу точниот датум на одигрување, пред се кога ќе бидат пуштени билетите во продажба и по која цена. Со самото тоа говори и фактот дека во саботата нашето поштенско сандаче на фејсбук имаше дури 32 пораки од голем број навивачи од другите градови. Најголема возбуда за овој натпревар покрај скопјани има и од: Тетово, Велес, Неготино, Охрид и тн. Погледнете ги подолу неколкуте фотографии кои говорат за заинтересираноста кај ”црвено – црната” армија навивачи. Се надеваме дека во брзо време точниот датум ќе биде познат, и билетите ќе бидат пуштени во слободна продажба, низ повеќе градови во државата.