Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Крањчар за “Јутарни“: Добивме многу незгоден противник,Вардар може да биде нагазна мина

Крањчар за “Јутарни“: Добивме многу незгоден противник,Вардар може да биде нагазна мина

Тренерот на “модрите“ Златко Крањчар во изјава за “Јутарни“ се осврна на мечот кој е прв предизвик за нив во оваа сезона средбата со нашиот шампион ФК Вардар. Крањчар е крајно предпазлив во коменарите, а воедно се потсетува и на легендарните средби на кој и самиот бил учесник помеѓу овие два тима во ек ју лигата кои секогаш носеле возбудувања. Новиот тренер на Динамо Загреб кој ќе дебитира по повторното негово враќање во Динамо по 18 години токму против нашите црвено-црни вели:

Добивме многу незгоден противник, колку што слушаме, Вардар може да биде нагазна мина. Се сеќавам на нашите натпревари, и по менталитет и темперамент се мотивирани против нас. А како ќе биде сега кога Динамо е силно европско име. Тренер им е Седлоски, кој играше кај нас и беше капитен, и сигурно дека ќе биде мотивиран и затоа тој натпревар го гледам како важен и тежок. Вардар веќе го следимеи  ќе го следиме и понатаму и ништо не препуштаме на случајноста. Затоа сега не ми е важна т.н “темпирана форма“ Вардар ми е најважен.

Динамо денес ќе ја одигра првата контролка и тоа со еден наш поранешен противник во Лигата на Шампионите романска Стеауа, мечот е закажан денес во 18-00 часот. Тој во продолжение дополнува за двомечот со вардарци, Крањчар вели :

Сконцетрирани сме на Вардар во ова коло несмееме да си дозволиме “кикс“ . Нашата  цел  е добро да се подготвиме. Имаме некои тактички варијанти, а ќе барам од играчите брз проток на топката. Секој ќе ја добие шансата и само оние што најдобро ќе ја искористат, ќе бидат во тимот со Вардар.