Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар “ги пали моторите“ на први август
ЖРК Вардар “ги пали моторите“ на први август

ЖРК Вардар “ги пали моторите“ на први август

Женскиот црвено-црн ракометен колектив новата натпреварувачка 2016/2017 сезона ја започнува на први август.  Според планот првите контролни мечеви за избраничките на Индира Кастаровиќ се предвидени да се   играат на крајот од месецот на турнир во Словенија. Вардарки и годинава ќе атакуваат на круната во ЕХФ Лигата на шампионки која е примарна цел за девојките, бидејќи домашните титули може да се каже дека се однапрет впишани. За планот на подготовките од нашиот женски ракометен клуб велат :

Првите шест дена од почетокот на подготовките ќе бидат во Скопје каде ќе се вршат потребните медицински прегледи. На 1 и 2 август се очекува пристигнување на сите ракометарки кои ќе бидат дел од тимот за новата сезона. Ќе имаме само еден утрински тренинг на 6 август, по што попладнето треба да заминеме во Словенија, во терме Зрече каде ќе останеме до 18 август. Тоа е период кога ќе се „полнат батериите” за она што ќе ни претстои сезонава.

Од 18 август експедицијата се сели во Словенија каде ќе настапиме на 13. традиционален меѓународен турнир „Винко Кандија”. Таму покрај домаќинот, екипата на Крим Меркатор, потврдени се и уште екипите на Подравка Вегета и Дебрецин. Распоредот на натпревари дополнително ќе биде одреден.

Во Скопје се враќаме на 21 август по што ќе продолжат подготовките за почетокот на новата сезона во лигата на шампионките.