Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Оливер Дишлиевски: Кадетите и младинците на ФК Вардар се главни фаворити за двата трофеи, како во лигата така и во купот на Македонија

Оливер Дишлиевски: Кадетите и младинците на ФК Вардар се главни фаворити за двата трофеи, како во лигата така и во купот на Македонија

Оливер Дишлиевски 11 години редовно тренира, но сеуште се усовршува на патот за успех во фудбалот кој многу го посакува. Оливер несомнено го сака Фудбалот и сака да постигне да го работи она што најмногу го сака во животот, е да игра во Вардар. Моментално тој го носи црвено-црниот дрес, а оваа сезона имаше можност да биде дел од кадетскиот и младинскиот состав на ФК Вардар, што е голема реткост. Во следново интервју ве запознаваме со Оливер Дишлиевски.

1. Како ја добивте желбата да се занимавате со фудбал и на колку години почнавте да тренирате ?

-Фудбалот е игра што страсно ја играат луѓето од сите возрасти насекаде низ светот. Страста за оваa игра расте на трибините со аплаузот од фановите кои ги подржуваат своите херои на зелениот терен. Таква страст кон фудбалот расте и во мене кој уште на 7 години почнав активно да тренирам фудбал.

2. Каде беа вашите први почетоци и како помина вашиот период како играч пред да преминете во редовите на ФК Вардар ?

-Моите почетоци најпрво се во локалниот фудбалски клуб Караорман, па фудбалскиот клуб Искра Јуниор каде што 2013/14 година заедно со својата екипа успеваме да го освоиме купот на Македонија, во категорија помлади Пионери. Следната 2014/15 сезона продолжувам во екипата на Академија Пандев-Охрид каде земавме учество на Меѓународниот фудбалски КУП во Макарска-Хрватска. Тука силите ги одмеруваме со фудбалските екипи на Хајдук, Динамо Загреб, Марибор и го освојуваме третото место. На овој турнир постигнав најмногу голови и ја добив наградата за најдобар голгетер на “Макарска Куп“ Во сезоната 2015/16 со големата желба за напредување и надевајќи се на поголеми цели и успеси своите тренинзи и настапи ги продолжувам во ФК Еуромилк -Скопје. Успеваме да станеме финалисти на купот на Македонија и во втора лига освојуваме прво место со што автоматски обезбедивме учество во првата лига за младински категории.

Но, Оливер е амбициозен натпреварувач кој сака предизвици и верува во неговите способности, сака да оди напред и да напредува. Негова цел е да биде најдобар, да се развие во комплетен фудбалер, па поради таа причина, пролетниот дел од сезоната 2015/16 ја продолжува во најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија. Своите тренинзи ги продолжува токму во Фудбалскиот клуб Вардар настапувајќи и за кадетите и за повозрасната генерација младинци со кои што исто така имаше настап и во лигата на Шампиони, играјќи против Австрискиот Салзбург. Тоа за Оливер беше големо искуство и уште поголем поттик неуморно да тренира, да се бори, уште повеќе да работи за да победува. Тој неодамна го прослави и својот 18-ти роденден.

vardarfans-rodenden

3. Како се случи да дојдете во Вардар и дали постоеше двоумење за промена на средината ?

-Како и на секој млад фудбалер во нашата држава така и мене од секогаш ми било сон да заиграм за клуб со историја и репутација како што е Вардар, врз основа на тоа, кога под сплет на околности ја добив таа прилика, без да се двоумам јас го прифатив предизвикот, а со тоа исполнив и една од моите најголеми желби.

4. Оваа сезона имавте можност да бидете дел од кадетскиот и младинскиот состав на Вардар. Дали е привилегија да се работи со врвни тренери, како што ги имаат кадетите и младинците на ФК Вардар ?

-Како што сум кажал и претходно, јас се трудам на секој натпревар да го дадам максимумот од себе за овој дрес, независно дали настапувам за кадети или младинци. Ќе бидам искрен и ќе си дозволам да кажам дека ние, тука во Вардар, сме на некој начин попривилегирани од сите наши врсници, бидејќи големината на овој клуб покрај се, произлегува и од можноста да се работи, учи и напредува со несомнено најдобрите стручњаци како што се Влатко Колев и Љупчо Маркоски чии што совети мене, а сигурен сум и на моите соиграчи ни се од исклучително значење.

5. Како е да се работи со имиња како Влатко Колев и Љупчо Марковски. Дали можете да направите споредба помеѓу нив ?

-Секој тренер има свој начин на игра, свои замисли, идеи, барања и тактики но на крајот кога ќе погледнеме зад себе, најдобро е да оставиме резултатите да говорат за нив и нивната работа.

6. Оливер се здоби со повреда во второто пролетно коло против екипата на Пелистер, по што ги пропушти следните два првенствени натпревари. Како тече опоравувањето и кога можеме повторно да ве видиме на терен ?

-Што се однесува до мојата повреда како и секоја друга е нешто што е многу тешко и што не би го посакал никој фудбалер. Оваа повреда на препоните ја добив за време на натпреварот со Пелистер при што бев принудно заменет на полувреме, а поради тоа ги пропуштив и дуелите со Милано и Победа. Се надевам дека за многу брзо ќе им се вратам на тренинзите и во завршниот дел од сезоната ќе дадам свој допринос и ќе им помогнам на моите соиграчи во нашите заеднички цели на двата фронта.

7. Кои се очекувањата за пласманот на кадетите и младинците на крајот од сезоната ?

-Сметам дека и младинците и кадетите имаат исклучителен квалитет и сила да ги освојат, а впрочем сме и главни фаворити за двата трофеи како во Лигата така и во Купот на Македонија.

Звонко Ивановски