Викендов на програмата беа нови натпревари кај момците во ракометната Јуниор лига. Во генерација 2002/03 и 2004/05 се одиграа финалните мечеви, а кај генерација 2000/01 се одигра последното коло. Кај момчињата од генерацијата 2000/01 со одигрување на 10 коло, заврши регуларниот дел од натпреварите. Овде следува Ф-4, во полуфиналињата ќе играат четирите најдобри тимови од оваа генерација, Филип Вардар, Гостивар Вардар, Урдаревски Вардар и Општина Кисела Вода-Вардар. Во првото полуфинале Филип Вардар ќе се соочи со Урдаревски Вардар, а во второто за место во финалето ќе се борат Гостивар Вардар и Општина Кисела Вода Вардар.
Во генерацијата 2002/03 во финалето кај момчињата ланскиот победник РК Преспа Вардар дојде до злато во дуелот со Шампион Вардар. Кале беше “бронзен“, а РК Делчево заврши четврти.
Kaj генерацијата 2004/05 се играше завршниот Ф-4 во финалето се соочија екипите на Илинден Вардар и на Карпош Вардар. Избраниците на Дарко и Александра Јанев дојдоа до златото. Бисинов беше трети, а ГРК Гостивар четврти.