Вчера младинските фудбалски категории на Вардар одиграа натпревари во рамките на 2 коло против екипата на Пелистер. Радува фактот што сите наши екипи забележаа победи во дуелите со Пелистер. Сите дуели беа неизвесни до самиот крај, што целосно го оправда епитет дерби. До триумф стигнаа младинците, кои од негатива успеаа на крајот да заминат со три бода од гостувањето во Битола. Црвено-црните славеа со резултат 1:3. Стрелец на еден од погодоците беше Оливер Дишлиевски кој во изјава за нашиот сајт ги споделува впечатоците од победата против Пелистер.
-Секој натпревар со себе носи своја тежина, посебно кога станува збор за натпревар на гостински терен, и пред се со цврста екипа како што е Пелистер. Дуелот со екипата на Пелистер очекувано беше исклучително тежок, за тоа го говори и самиот факт што натпреварот во најголем дел од времето беше тесен, но сепак на крај со борбена игра и голема пожртвуваност ние пред се како колектив успеавме да ги реализираме во целост тактичките замисли на нашиот тренер и во Скопје да се вратиме со полн плен.
На почетокот на сезоната Дишлиевски од кадетскиот состав е прекомандуван да игра за младинците. Неговите добри игри ги препознава тренерот Марковски кој му дава шанса за настап.
-Им се заблагодарувам на двајцата мои тренери Љупчо Маркоски и Влатко Колев што ми пружија можност како кадет да настапувам за младинците што за мене претставува голема чест и мотив повеќе да играм и да се надигрувам со повозрасни од мене. Работам напорно и се трудам да дадам максумум на секој натпревар за овој клуб без разлика дали настапувам за кадети или младинци. Трудот и напорната работа на крај сепак се исплаќаат како што беше случај и денес кога го постигнав мојот прв гол за младинската екипа. Се надевам дека ќе следуваат уште многу кои би помогнале во остварување на нашите цели, а цели на клуб како што е Вардар се јасни-трофеи, изјави Оливер Дишлиевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски