Вчера на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра контролен натпревар помеѓу Вардаровата генерација родени “2002“ година и Академијата на ФФМ. Поуспешни беа црвено-црните со резултат 2:4. Овој викенд требаше да стартува новата лига за генерации родени “2002“ и “2003“ година, во која ќе се натпреваруваат екипи од Скопско-Кумановски региони или меѓурегионална лига. Сепак првото коло е одложена и истата треба да започне од следниот викенд.
По тој повод се одигра контролен натпревар на споменативе екипи. Во две полувремиња п0 40 минути на крајот подобри беа нашите млади надежи. Конечниот резултат на крајот гласеше 2:4. По првиот дел резултатот сеуште беше оној почетниот 0:0. Сепак во второто полувреме ја оправдавме фаворитската улога и успеавме да славиме победа. Во нашиот состав Атом Фазлиу постигна хет-трик, додека еден гол беше дело на Харбин Речица. За академијата погодија Кристијан Ѓоргиевски и Никола Димитриевски. Во екипата на Академија настапија и поранешните играчи на Вардар. Се работи за Андреј Стојчевски, Филип Ѓорѓиевски и Дамјан Ќосески. Сите изминатава сезона го носеа дресот на Вардаровата генерација родени “2003“ година.