Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лакрабер ги пропушта контролните натпревари со Ларвик

Лакрабер ги пропушта контролните натпревари со Ларвик

Ќе се одложи дебито на француската репрезентативка, Александра Лакрабер во црвено-црниот дрес. Така велат информациите од Франција, според кои Лакрабер ќе мора да паузира во наредните 30 дена поради повреда на рамото. Таа се повреди на последниот меч од олимписkите игри во Рио и тоа во големото финале, кога нејзината селекција беше поразена од Русија. Дополнителните медицински прегледи покажаа дека е потребен одмор од неколку недели.

Така Лакрабер ќе ги пропушти контролните натпревари против Ларвик во Јане Сандански. Сепак се очекува да биде подготвена за оние главните мечеви во лигата на шампионите. Инаку Лакрабер беше најдобриот играч за Франција во Рио. Покрај изборот во ол-стар тимот за најдобар десен бек, беше и трет најдобар стрелец на олимпиоксите игри. На мечевите со Ларвик се очекува деби на Камила Херем и Мајса Песоа, како и враќање на Радичевиќ и Кликовац кои настапија за Црна Гора во Рио.