Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мијушковиќ за Вардар Фанс: Од натпревар на натпревар ја подигнуваме нашата форма и стануваме се подобри

Мијушковиќ за Вардар Фанс: Од натпревар на натпревар ја подигнуваме нашата форма и стануваме се подобри

Вардарци полека го фаќаат потребниот натпреварувачки ритам во првата Македонска фудбалска лига. По четири одиграни кола, црвени-црните се наоѓаат на првото место на табелата со 10 освоени бодови. Освен стартниот нерешен резултат против екипата на Шкупи (1:1), во наредните три натпревари избраниците на Гоце Седлоски покажаа квалитетна игра, која и се очекува од нив оваа сезона. Еден од најстандардните во составот е Немања Мијушковиќ, кој заедно со капитенот Грнчаров го сочинуваат столбот на одбраната. Немања во изјава за нашиот сајт ги сподели впечатоците од вчерашниот триумф, најавувајќи дека екипата влегува во посакуваната форма.

-Одигравме добар натпревар, пред се одлично во првите 30 минути и во второто полувреме кога напаѓавме константно и го притиснавме противникот на својата половина. Игравме онака како што бараше нашиот тренер и мислам дека немавме проблеми ниту во еден дел од мечот да се справиме со Брегалница. Од натпревар на натпревар ја подигнуваме нашата форма и стануваме се подобри, така да најважните натпревари во првенството ќе ги дочекаме подготовени.

После првенството, освојување на купот е втора поставена цел за нашиот фудбалски шампион.

-До крајот на есенскиот дел очекувам да се зацврстиме на првата позиција со солидна предност пред второпласираниот тим. Исто така во куп натпреварувањето до декември треба да се поминат сите пречки и задоволни ќе ја завршиме оваа година, изјави Немања Мијушковиќ за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски