Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Мавсар за Вардар Фанс: Вардар е голем проект кој има за цел да ја освои лигата на шампиони, исто како и јас

Мавсар за Вардар Фанс: Вардар е голем проект кој има за цел да ја освои лигата на шампиони, исто како и јас

Нашиот женски ракометен шампион четврта сезона ќе биде дел од лигата на шампионите. После трите последователни бронзени медали на завршните турнири, оваа сезона се надеваме дека со новите засилувања ќе ја оствариме посакуваната цел. Во тоа треба да помогне и левото крило Тамара Мавсар која од новата сезона ќе ја гледаме во црвено-црниот дрес. Се работи за играч кој настапува на позицијата лево крило и доаѓа од екипата на Крим Меркатор, која е повеќе годишен шампион на Словенија. Исто така е стандарна репрезентативка на Словенија. Заедно со Камила Херем треба да донесат свежина и новитети на таа позиција и да му помогнат на тимот да бележи добри резултати. Во изјава за нашиот сајт, Мавсар не ги крие амбициите и зацртаните цели со Вардар, вели дека ова е голем проект кој има за задача да стигне до европската титула.

-На прво место беа моите спортски амбиции, кои во овој момент сигурно дека се повеќе достижни со Вардар, отколку со Крим Меркатор. Секако дека го следев овој клуб и пред да дојдам тука. Знаев дека е тоа еден голем проект, кој има за цел да ја освои лигата на шампионите, исто како и јас. Засега успешно се реализира, ние играчите ги имаме сите услови да работиме и да постигнуваме големи резултати. Вклопувањето во новата екипа не беше тешко, бидејќи многу од девојките ги знам од претходно, бидејќи со некои од нив играв заедно и останатите кои ми помогнаа кога дојдов во Вардар.

Усспешно беше поминат предизвик пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Иако без седум ракометарки, сепак успеавме да го освоиме првото место на турнирот “Винко Кандија“. На него Тамара Мавсар на крајот беше прогласена за најдобар стрелец. Желбата на сите оваа сезона е да стигнеме до европската титула во најголемото ракометно натпреварување.

-Среќна сум што го освоивме турнирот “Винко Кандија“ во Љубљана, иако не располагавме со доволен број на играчи. Испробувавме различни варијанти, кои најаважно е што беа успешни. Мислам дека за први натпревари во црвено-црниот дрес покажав добра игра. Како и сите Вардарови навивачи, така и ние девојките сакаме да ја освоиме лигата на шампиони. Многу е полесно да се каже тоа, отколку да се освои, но со јака работа, труд и дисциплина во играта, како и верба можеме да стигнеме оваа сезона до врвот, изјави Тамара Мавсар за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски