Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Марио Илиевски: Можевме да одиграме многу подобро, но сепак најважни се трите бода

Марио Илиевски: Можевме да одиграме многу подобро, но сепак најважни се трите бода

Викендов се одигра второто коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите генерации за противник ја имаа екипата на Пелистер и сите на крајот излегоа како победници во дуелите со Битолчани. Помладите пионери ја забележаа првата победа во новата сезона, совладувајќи ги своите врсници од Пелистер со резултат 3:2. Гостинската екипа прва го отвори резултатот и поведе со 0:1. До крајот на првиот дел црвено-црните израмнија, а во второто полувреме направија и комплетен резултатски пресврт. Противникот по една наша грешка во одбраната успева да израмни на 2:2, сепак Марио Илиевски беше играчот на одлука кој постигна гол со глава за триумф од 3:2. Тој во кратка изјава за нашиот сајт ги сподели впечатоците од првиот триумф оваа сезона.

-Овој дуел беше предобар со многу голови и  шанси. Кога губевме 0:1 неможевме да изедначиме многу брзо, имавме многу шанси но играчите на Пелистер беа добро скоцентрирани и сите удари ги блокираа. Јас сум задоволен од играта на мојата екипа, се боревме сите како еден можевме да одиграме многу подобро, но сепак најважни се трите бода Не сме баш во најдобра форма на стартот од новата сезона, но во продолжение од лигата очекуваме многу повеќе успеси, изјави Марио Илиевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски