Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната на делба на првото место со екипата на Шкендија, со која имаат освоено по идентични 29 бодови.
Она што најново ќе го известуваме на нашиот медиум, покрај преглед на сезоната и остварените резултати, ќе биде и статистиката за играчите кои во есенскиот дел настапија за оваа генерација.
Само двајца играчи од кадетскиот состав можат да се пофалат дека ги одиграле сите 14 натпревари до крајот. Тоа се Александар Ѓурковски и Виктор Крстевски, кои започнале како стартери, но и ги одиграле сите 1.260 минути.
Харбин Речица и Анатолиј Петејчук започнале исто така како стартери на сите мечеви од есенскиот дел, но не ги одиграле сите 90 минути. Речица одиграл само 7 цели натпревари, односно 1.129 минути поминал на теренот додека Петејчук вкупно 9 дуели, или 1.120 минути.
Азер Омерагиќ, Кристијан Китановски, Мартин Радуловиќ-Величковиќ, Фисник Салиу, Али Асани и Абдула Хасани започнале во стартниот состав на 13 натпревари. Блиску до оваа бројка е и Петар Гугуљанов со 12 меча како стартер. Цели 11 дуели имаат одиграно, Омерагиќ, Китановски и Гугуљанов.
Настапи за кадетската екипа на Вардар имаат и Дамјан Трајановски, Леонид Игнатов, Енес Шабани, Муас Демири, Ринор Исени, Атом Фазлиу, Матеј Величковски, Антонио Мирков, Георг Стојановски, Филип Симев и Гоце Јовчев.
Интересно, немаме ниту едно исклучување, односно црвен картон во есенскиот дел од сезоната, што говори за дисциплината во играта на оваа вардарова генерација.