Најверните навивачи на Шалке, УГЕ на натпревар против Ајнтрахт Франкфурт во Бундес лигата истакнаа огромен транспарент со кој им честитаа 20 години постоење на вардаровите навивачи Лојал фанс. Познато е дека навивачите на Вардар и Шалке се збратимени, па вакви меѓусебни пораки често си испраќаат на важните датуми за една од двете страни.