Како што веќе ве известивме, од 20-ти до 22.декември во скопската населба Илинден во салата “Гоце Делчев“ во огранизација на РК Илинден Вардар од истоимената населба ќе се одигра силен ракометен младински турнир на кој дури три црвено-црните екипи на Вардар земаат учество. На “Младинскиот ракометен турнир Илинден-2019“ ние ќе настапиме со две машки и една женска екипа. Веќе се познати ривалите на нашите тимови. За потсетување, пионерите на РК Вардар ќе се натпреваруваат против повозрасни екипи.
Кадетите на Вардар Јуниор предводени од Будимир и Станковски се наоѓаат во групата-А каде што има уште четири ривала. Составот на истата е следен:
1.Илинден
2. Аеродром
3.Пролет
4.Вардар Јуниор
5. Драчево
Момците на Зоран Петковски-Зенга, пионерите на Вардар се дел од групата Група-Б на овој турнир и истата изгледа вака:
1.Металург
2.Вардар
3.Е.Фарм
4.Алушовски
5.Балтепе
Кај дамите црвено-црните девојки на Платон Анжела и Марија Папуџиева се наоѓаат во група со следниве ривали:
1.Вардар
2.Металург
3.Шампион
4.Аеродром
5.Илинден