Вардар, вчера со екипа составена од младинци убедливо беше поразен во Хрватска од тимот на Нексе. Натпреварот од последното есенско коло во СЕХА лигата во Нашице им донесе големо искуство на младите ракометари. За оваа средба младиот надежен голман на црвено-црните, Гогов изјави:
Честитки за ракометарите на Нексе за победата. Се обидовме да извлечеме максимим од себе, се трудевме на теренот. Пресудно сепак беше искуството кое е на страната на Нексе. Нашата просечна возраст на денешниот тим е околу 19-20 години така што ова беше меч за големо искуство. Играме заедно во Супер лигата, но за овој тим во ваков состав ова е прв натпревар на меѓународна сцена- вели Васил Гогов.