Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Александар Ѓурковски: Влегуваме максимално подготвени во ова финале и мислам дека шансите да го освоиме трофејот се на наша страна
Александар Ѓурковски: Влегуваме максимално подготвени во ова финале и мислам дека шансите да го освоиме трофејот се на наша страна

Александар Ѓурковски: Влегуваме максимално подготвени во ова финале и мислам дека шансите да го освоиме трофејот се на наша страна

Во сабота со почеток од 17 часот ќе се одигра големото финале во купот на Македонија, кај генерација “2002“ помеѓу екипите на Вардар и Работнички. Избраниците на Петар Ѓорѓиевски имаат можност со трофеј да ја завршат сезоната, кој ќе биде прв за нив. Тоа се најдобрите две екипи оваа сезона, кои завршија на првите две места во регионалната-скопска лига, каде Работнички стана шампион на Македонија во лигата. Вардар ќе има можност да му врати на противникот за двата изгубени мечеви во лигата и на успешен начин да ја финира сезона. Еден од адутите на Вардар во финалето на купот ќе биде Александар Ѓурковски, кој сезонава имаше настапи за помладите пионери и е стандарден во репрезентацијата до 15 години.

-Со оглед на тоа дека меѓусебните дуели во ова првенство ги изгубивме од Работнички, а со тоа и што Работнички стана шампион во генерација 2002 ,влегуваме максимално подготвени во ова финале и мислам дека шансите да го освоиме трофејот се на наша страна. Тоа ќе биде тежок натпревар, каде нијанси можат да го одлучат победникот. Мораме да останеме сконцетрирани во текот на целиот натпревар, доколку сакаме поволен резултат. Добро се познаваме со противникот и нема некои скриени адути, со кои можеме да изненадиме.

Иминатиов период беше на турнир во Шангај, со репрезентацијата до 15 години, со која го освои третото место.

-Секако дека се чувствувам подготвен да го одиграм целиот меч и да го дадам максимумот од себе за мојата генерација и за мојот клуб и да одговорам на поставените задачи на тренерот Ѓорѓиевски.

Звонко Ивановски