Пред одигрување на завршниот турнир во Келн, пофални зборови за нашиот шампион стигнуваат од сите страни. Познатиот коментатор на натпреварите од лигата на шампиони, Том О’Бранаген напомнена дека Вардар е во одлична форма и дека не смее ниту еден тим да ги потцени. Тој ги спореди црвено-црните како Хелеевата комета, која се појавува на секои 75 години.
-Вардар е во фантастична форма, имаат неверојатно брза контра и фантастични ракоментари. За Вардар можеби е предност и тоа што ниту еден од тимовите кои се во Келн нема играно против нив. Никој не се смее да ги потцени, тие се како Хелеевата комета, истакна О’Бранаген.