Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Втора победа за генерацијата “2006“ на турнирот “Приморско лето“, падна првиот освојувач на овој турнир, екипата на Дит од Софија
Втора победа за генерацијата “2006“ на турнирот “Приморско лето“, падна првиот освојувач на овој турнир, екипата на Дит од Софија

Втора победа за генерацијата “2006“ на турнирот “Приморско лето“, падна првиот освојувач на овој турнир, екипата на Дит од Софија

Екипата на Вардар од генерација “2006“ стигна до втората победа на турнирот во Бугарија, “Приморско лето“, кој се одржува трета година по ред. Утрово избраниците на Арсовски го одиграа третиот натпревар во групата, овој пат против екипата на Дит од Софија. Нашите надежи на крајот славеа со резултат 2:1. Инаку тимот на Дит од Софија е првиот освојувач на овој турнир пред две години.

Одлично игравме и на овој меч, каде покрај постигнатите голови имавме уште неколку добри шанси за зголемување на резултатот. По првиот дел имавме водство од 2:0 и тоа со двата гола на Давид Голубов. Во последните минути од мечот, противникот од Софија успеа да постигне почесен гол од слободен удар и да го намали резултатот на 2:1, што беше и конечен на овој дуел.

Денес на програмата е уште еден натпревар, против екипата на Ропотомо Приморско. Засега го делиме првото место со екипата на Аполон од Крагуевац и имаме добри шанси да се пласираме во полуфиналето. Аполон има досега две победи од три одиграни мечеви мечеви, во дуелите со со Дит (4:2), Ропотамо Приморско (7:1) и денес ремизираа со екипата на Левски (3:3). Така и Вардар и Аполон имаат по две победи и еден нерешен резултат, на делба на првото место во групата. Најверојатно меѓусебниот дуел на овие две екипи ќе одлучува за првото место во оваа група.