Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Рокот за добивање лиценци до вторник
Рокот за добивање лиценци до вторник

Рокот за добивање лиценци до вторник

Наместо убава вест, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко после шест години во клубот им соопшти на сите дека  си заминува од редовите на ФК Вардар.

По најавеното заминување на Самсоненко, остануваат неколку дилеми меѓу нив и онаа што ќе биде со добивањето на лиценцата за настап во квалификациите ова лето.

Рокот за добивање лиценци е продолжен до вторник, но сега повторно се поставува прашањето дали рускиот бизнисмен има намера да ги подмири долговите до вторник за да добие клубот лиценца, или ќе мора да се надеваме дека Градот Скопје ќе сака да ги среди работите веднаш, па навивачите и фудбалерите да имаат можност да гледаат елитен фудбал на Градски ова лето, или пак и втора година по ред ќе бидеме исфрлени од ова натпреварување.