Капитенот на ФК Вардар, Филип Гачевски испрати силна порака на својот Фејсбук профил во овие нови, тешки времиња за клубот. Капитенот како и секогаш е оптимист, а напиша дека Вардар е гордост македонска.
„Може да те одречат, други да те предадат, можат сешто да измислат, само ти си бесмртна, жива вода подземна, кај што тонеш ти извираш. Вардар гордост македонска“, напиша Гачевски.
Најтрофејниот колектив и лидер во ПМФЛ има рок уште неколку дена да ги подмири долговите и да добие европска лиценца.