Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > На денешен ден 2018: ЖРК Вардар ја прими последната, 6.шампионска титула
На денешен ден 2018: ЖРК Вардар ја прими последната,  6.шампионска титула

На денешен ден 2018: ЖРК Вардар ја прими последната, 6.шампионска титула

На денешен ден, пред две години во 2018 својот „последен танц“  во домашната лига го имаше ѕвездениот ЖРК Вардар. Црвено-црниот женски тим стана  старо-нов освојувач на супер лигата, откако  им беа доделени медалите и трофејот за освоеното прво место во лигата. Девојките  го одиграа последното коло, во кое беа домаќини на екипата на Металург, која ја совладавме убедливо со резултат 49:24. Ова е шестта титула во првенството за екипата на Вардар.

Иако настапивме без своите најголеми ѕвезди, вардарки немаа проблеми да слават на овој дуел. Уште по првото полувремее стигнавме до двоцифрена преднот од 23:13. Во вториот дел постигнавме повеќе голови и на крајот стигнавме до рутински триумф, кој беше 28-ми сезонава во супер лигата од исто толку одиграни натпревари. Најефикасна на овој натпревар беше Керамичиева која постигна 2 голови, додека по 11 додадоа Саздовска и Ристовска.

Вардар: Саздовска 11, Бајрамовска 2, Мицевска, Керамичиева 12, Суслина, Хмирова, Петровиќ 8, Гичевска 5, Ристовска 11.

На крајот им беа врачени медалите како и трофејот за освоеното првенство.