Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > (ВИДЕО) Потсетување како Нуров со пресврт дојде до “бронза” на СП и олимписка “виза”
(ВИДЕО) Потсетување како Нуров со пресврт дојде до “бронза” на СП и олимписка “виза”

(ВИДЕО) Потсетување како Нуров со пресврт дојде до “бронза” на СП и олимписка “виза”

Минатата година борач на Вардар направи голем успех, во ова време кога се сопрени сите активности еве ни можност да се потсетиме. Борбата за бронзениот медал на нашиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров (-97 кг) против Алишер Јергали од Казахстан на Светското првенство во борење во Нур Сулатан, Казахстан, е прогласена за  највозбудливите  на финалниот  ден од СП. Нуров славеше со 8-5.

Иако губеше Нуров во последните 40-тина секунди направи целосен пресврт и ја доби борбата 8-5 против домашниот борач, кој на своја страна ја имаше целата публика во салата. Ова е голем успех за Нуров на кого на неколку пати му бегаше бронзата од големите натпревари и е прв медал од светските првенства по 1998 година. Тој е првиот македонски спортист што исполни олимписка норма по 12 години.

Поради корона вирусот, однонсо  пандемијата Олимпијадата во Токио која требаше да биде ова лето е одложена за следната 2021 година. Повеќе од очекувано е дека Нуров доколку го послужи здравјето подготвен ќе ја престави нашата земја на најголемиот спортски собир.