Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар од генерација “2008” го доби противникот во 1/2 финалето
Вардар од генерација “2008” го доби противникот во 1/2 финалето

Вардар од генерација “2008” го доби противникот во 1/2 финалето

Вардар (1) 2008 година го доби својот противник во полуфиналето на завршниот турнир во Детската лига. Момчињата на Павел Неделковски во полуфиналето силите ќе ги одмерат со екипата на ФК Спорт ефе Вардар. Овој натпревар ќе биде одигран в сабота со почеток во 12 часот и 15 минути. Во другото полуфинале ќе се сретнат екипите на Куманово и Форца 1. Овој натпревар ќе биде одигран исто така во сабота од 11 часот и 30 минути.

Инаку, најдобрите две екипи ќе се пласираат на завршниот државен турнир. Според овој  систем, финале во оваа регионална единица нема да има.