Friday ,14 June 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седлоски им дава шанса на сите
Седлоски им дава шанса на сите

Седлоски им дава шанса на сите

Откако Вардар си ја обезбеди новата титула, сега преостануваат уште неколку формални натпревари за “црвено – црните”. Оваа релаксираност, тренерот Седлоски ја користи да им укаже шанса на играчите кои оваа сезона не се наметнаа, односно малку добиваа шанса.

Па така веќе на мечот со Работнички од првата минута стартуваа голманот Алексовски, и Дарко Глишиќ кои ги одиграа сите 90 минути, покрај овие двајца на клупата беа и Грозданоски и Петковски, но за жал не добија шанса за настап.

Се очекува “шарениот” состав да продолжи и на мечот со Ренова, во стартниот состав се очекува да настапат уште еднаш Алексовски и Глишиќ, а можеби и Грозданоски, Петковски и Љамчевски.