Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар СЦЈС со триумф против Гевгелија, го заврши регуларниот дел од сезоната во супер лигата
ЖРК Вардар СЦЈС со триумф против Гевгелија, го заврши регуларниот дел од сезоната во супер лигата

ЖРК Вардар СЦЈС со триумф против Гевгелија, го заврши регуларниот дел од сезоната во супер лигата

Втората екипа на ЖРК Вардар СЦЈС со победа го заврши регуларниот дел од сезоната во најсилната супер лига. Вечерва избраничките на Симе Симовски гостуваа во Гевгелија, каде издвојуваа убедлив триумф.

Домашниот тим подобро го отвори натпреварот кога имаше водство од 2:0. Во следните десет минути, противникот одржуваше резултатска неизвесност кога Вардар имаше постојана предност, но не поголема од еден гол разлика. Сепак Гевгелија немаше сили ниту за едно полувреме, па како одминуваа минутите, црвено-црните започнаа да ја зголемуваат предност. При резултат 9:11, нашиот состав направи серија од осум последователни голови, за веќе да стигне и до двоцифрена предност од 9:19. На полувреме се замина со резултат 11:22. Во вториот дел постигнавме речииси двојно повеќе голови, а примивме помалку отколку во првото полувреме. Имавме контрола на резултатот и во овој дел од мечот и ниту во еден момент триумфот не беше доведен во прашање. Конечниот резултат на крајот гласи 21:40. Најефикасна во нашите редови беше крилото Сара Митова која постигна 13 голови, додека 9 беа за Симона Стојановска. Шанса повторно на голот доби Јована Мицевска, која имаше неверојатни 20 одбрани.

ВАРДАР СЦЈС: Белмезова (10 одбрани), Прленда 5, Стојановска 9, Трпковска 6, Георгиевска 2, Митова 13, Бојаџиска, Мицевска (20 одбрани), Нолевска 4, Станиќевска, Велкова, Божиноска 1, Николовска, Гичевска.

Младите Вардарки како првопласирани го завршија регуларниот дел од сезоната. Сепак поради приклучувањето на Вардар во плејофот и разигрувањето за титулата, Вардар СЦЈС ќе стартува од втората позиција. Покрај двете екипи на Вардар место на Ф4 има и за екипите на Металург и Куманово. Полуфиналните двојки кои на програмата се во недела ги сочинуваат: Вардар – Куманово и Вардар СЦЈС- Металург. Победниците од овие мечеви ќе играат во големото финале, кое ќе го даде новиот шампион на Македонија. Тој натпревар е закажан за во понеделник, со почеток од 15 часот во малата сала на С.Ц. Јане Сандански.