Со дуелот во недела, фудбалерите на Вардар го започнуваат третиот круг и последен од ПМФЛ. Пред вардарци стои уште еден тежок испит бидејќи му гостуваат на тимот од Чаир, кој и не игра во најдобра форма оваа пролет.
За овој дуел, Никола Илиевски Џиџи нема да може да смета на услугите на младиот дефанзивец Величковиќ, кој ќе одработува втор натпревар суспензија поради црвениот картон против Ренова. Добра вест е што во конкуренција треба да се најде Ерен Парталко, кој исто така на дуелот со Ренова заработи повреда и излезе од игра.
Со останатите играчи е добро. Нема ниту суспендирани ниту пак повредени играчи.