Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дали е можен двомеч на Вардар и Веспрем и во 1/4 финалето на СЕХА, црвено-црните го бираат својот пат
Дали е можен двомеч на Вардар и Веспрем и во 1/4 финалето на СЕХА, црвено-црните го бираат својот пат

Дали е можен двомеч на Вардар и Веспрем и во 1/4 финалето на СЕХА, црвено-црните го бираат својот пат

Дали, Вардар може да вкрсти со Веспрем и во 1/4 финалето на СЕХА-лигата. Познато е дека двете екипи ќе се сретнат и во осмина-финалето од Лигата на Шампионите.

Вардар е со големи шанси да заврши на второто место во групата  Б од СЕХА-лигата, позиција, која во четврт-финалето ни носи двомеч со екипата на Веспрем. За да не се случи вакво соочување, црвено-црните ќе мораат да завршат на првото место во групата, но и да го победат Мотор Запорожје на реваншот со повеќе од седум голови разлика, со оглед дека првиот дуел во Украина го завршивме со пораз од 30:23. Украинците се лидери во групата со три победи од исто толку одиграни натпревари, додека Вардар има две победи и еден пораз.

Дали Вардар ќе калкулира останува да видиме, доколку не го сака Веспрем за противник во 1/4 финалето, ќе мора да загуби од Нексе, па така како третопласиран во групата ќе игра осмина-финале со Татран, кој ако го елиминираме тогаш во 1/4 финалето за противник го имаме тимот на ППД Загреб, кој сигурно е полесна варијанта од унгарскиот шампион.

Вардар не игра баш најдобро сезонава, има проблеми да го врати препознатливиот сјај, а во наредниот период не очекуваат тешки натпревари. Следниот и токму споменатото гостување во СЕХА, против екипата на Нексе. Од конечниот резултат на овој дуел ќе биде појасна сликата за пласманот на Вардар во групата, а со тоа и следните противници до патот на Ф4 во ова натпреварување.