Македонската фудбалска репрезентација до 19 години загуби и на вториот контролен натпревар од БИХ, со идентични 2:1 како и на првиот одигран дуел на овие две репрезентации.
По првото полувреме резултатот беше 1:1, најпрво домашната репрезентација поведе со гол во 34 минута, додека две минути подоцна со удар од белата точка нашите надежи го израмнија резултатот. Имавме шанси во вториот дел од натпреварот кои останаа неискористени, за Босна и Херцеговина да ја затресе нашата мрежа и да ги постави конечните 2:1 на овој пријателски натпревар кој се одигра во Меѓугорје.
Настап на вториот натпревар за Македонија забележаа вардаровите играчи, се работи за Грегори Давков и Абдулах Хасани кои влегоа во игра во вториот дел од натпреварот.