ФК Вардар договори добро засилување за новата сезона. Нов лев бек на „црвено – црните“ е Ристе Илијовски. 26-годишниот дефанзивец доаѓа од редовите на Пелистер, каде изминатава полусезона одигра девет првенствени натпревари и постигна два гола.
Покрај за тимот на Пелистер, Илијовски има настапувано за екипите на Тиквеш, Фљамуртари од Косово, потоа Луфтерари од Албанија, Хотур од Исланд и Царев Двор. Илијовски со сигурност ќе биде новиот ,,стартен” лев бек на тимот, а може да игра и како офанзивно крило.
Според страната ,,Трансфермарк“ пазарната вредност на Илијовски е 100.000 илјади евра.
Видео од новиот играч на Вардар, погледнете ТУКА.