Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Компанијата Блу Скај Инвестментс ја преземаат одговорноста и привилегијата да ја предводат нашата светост
Комити: Компанијата Блу Скај Инвестментс ја преземаат одговорноста и привилегијата да ја предводат нашата светост

Комити: Компанијата Блу Скај Инвестментс ја преземаат одговорноста и привилегијата да ја предводат нашата светост

,,Комитите” преку соопштение информираат дека е постигнат договор за примопредавање на Фудбалскиот Клуб Вардар.
.
Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
.
По еден долг период минат во стресови, неизвесности, подвизи и падови, конечно е постигнат договор за примопредавање на Фудбалскиот Клуб Вардар.
.
“Ние бевме тука кога на Вардар му требавме” е конечно нешто што е актуелно, опипливо и реалност, и кажано од позиција кога нашиот Вардар почнува да се стабилизира, има посебна тежина.
По успешното финале на преговорите, во Вардар влегува една нова структура која веруваме дека ќе донесе нова енергија во клубот, и со кои за брзо време ќе се вратиме онаму каде што припаѓаме.
Компанијата Блу Скај Инвестментс, на чело со сопственикот Слободан Крстевски, се новите сопственици, кои успеаа да се договорат со сите страни надлежни за ФК Вардар, и кои официјално ја преземаат одговорноста и привилегијата да ја предводат нашата светост.
.
Им посакуваме многу среќа и успеси во патот кој ќе го чекориме сите ние кои го сакаме Вардар заедно со нив, а реалноста ќе каже дека за истите да се остварат ќе биде потребен многу труд и квалитет, а пред се макотрпна работа и посветеност. Потребна ќе биде поддршка во сите свери од работењето на клубот, а пред се и конечно поддршка од трибините за Вардар што побрзо да се врати на патот на славата.
Веќе се започнати сите активности околу отпочнувањето на подготовките за следната сезона, каде ФК Вардар ќе се натпреварува во Втората лига Запад. Повеќе информации околу првата прозивка, активностите на клубот, но и нашите активности, во деновиве пред нас!
.
Прва, втора, трета, општинска…ВАРДАР ЗАСЕКОГАШ !
Црвено – црна Армијо, ова во голем дел е и наша победа, по се што поминавме заедно, заслуживме убави вести и светла иднина за Вардар