Светската боречка организиација го потврди рангирањето за Олимписмките игри во Токио. Важно за нас е како што знаеме рејтингот на Нуров , кој е во фаворитите 4 учесници благодарение на рејтинговите турнири .
Така да првите 4 никако на жребувањето не би требало да се сретнат еден со друг , доколку Нуров на жребувањето ги избегне “незгодни борачи” Одикадзе (Грузија) и Хуштин (Белорусија) слободно можеме да се надеваме на 1/2 финале и борба за одличје.
Завршните подготовки Нуров ги извршува под надлежност на тренерот Ибрагимов заедно со Руската репрезентација во Олимпискиот центар во Кисловодск до 10 јули.
После 10 јули карванот ќе се придвижи во Руската Олимписка спортска База на Владивосток до учеството на Олимпискиот турнир на 5 август , откаде што многу спортисти ќе летаат за Токио.
Интересно е да се напомене дека нема никаква информација од Боречката Федерација , како воопшто да не се заинтересирани за Олимпискиот кандидат, за кого , ( како што добивме информации од Агенцијата за Млади и Спорт) има доделено преку 3.500.000 ден за подготовки на нашиот Олимпиец, а средствата биле ненаменски потрошени. Изгледа дека раководството на Боречката Федерација се труди и вршеле притисок на надлежните само за да можат да го пропикнат на Олимпијада лицето Лулзим Вренези кое што го претставуваат како селектор на Македонската репрезентација , кое што ниту 1% никако не придонел за резултатите и успесите за освојување на Олимписката норма . На Олимпијадата , нема место за матни игри и валкани политики со кои се служи раководството на Боречката Федерација .