Младиот Марко Кизиќ кој во новата сезона нема да биде дел од Вардар, на најдобар можен начин ги искористи минутите кои му ги даваше Алушовски, на натпреварите од СЕХА-лигата.
Според статистиката на СЕХА, Кизиќ, заврши на третото место според процентот на одбранети удари кон неговиот гол. Од 67 удари, Кизиќ успеал да одбрани 23 топки, или тоа е 34% успешност.
Прв на оваа листа е голманот на Еурофарм, Хендави, кој имаше 48% на одбранети удари, додека второто место е за голманот на Загреб, Ашанин, со 37%