Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар го има најдобриот стрелец во помладата пионерска Супер лига, Никола Величковски е број еден голгетер
Вардар го има најдобриот стрелец во помладата пионерска Супер лига, Никола Величковски е број еден голгетер

Вардар го има најдобриот стрелец во помладата пионерска Супер лига, Никола Величковски е број еден голгетер

Втора сезона по ред, немаше победници во младинските фудбалски лиги поради добро познатата ситуација со корона вирусот.

Генерацијата 2005 дебитираше во рамките на помладата пионерска Супер лига и беше на добар пат да стане Шампион на Македонија.

Вардар го имаше најдобриот стрелец во лигата, се работи за напаѓачот и капитен на оваа екипа, Никола Величковски кој со 19 постигнати голови заврши на врвот на најдобри голгетери во оваа возрасна категорија. На делба на второто место се најдоа тројца играчи, а еден од нив е Арбин Курти од Вардар.

Листа на стрелци во помладата пионерска Супер лига:

1. Никола Величковски (Вардар) -19

2. Живко Крстев ( А.Пандев), Арбин Курти ( Вардар) и Зани Назифи ( Шкендија) -13

3. Никола Талески ( А.Пандев) -12

4. Никола Манајлов ( Работнички) -11

5. Мартин Ѓорѓиевски ( А.Пандев) и Белмин Цамиќ ( Работнички) -10

6. Еди Мандак ( Брегалница), Томислав Петкоски ( Работнички) и Кире Стојанов ( А.Пандев) -9

7. Филип Јовановски ( Вардар) и Марио Аџијев ( Брегалница) -8