Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ помина незаборавни години во Вардар, трофеи, голови, успеси….
Чупиќ помина незаборавни години во Вардар, трофеи, голови, успеси….

Чупиќ помина незаборавни години во Вардар, трофеи, голови, успеси….

Вардар во новата натпреварувачка сезона ќе влезе со изменет состав, а несомнено е дека многу ќе недостасува „златното момче„ Иван Чупиќ.

Чупиќ помина пет незаборавни сезони во Вардар, клуб со кој освои голем број на трофеи. Во првата сезона од неговиот премин во Вардар од екипата на Киелце, Чупиќ веднаш успеа да освои Европска титула, и тој е единствениот кој успеал со два различни клуба за две години да ја обедини Европската круна.

Со Вардар ја освои Лигата на Шампионите во 2017 и 2019 година, додека трофејот во СЕХА лигата го освојуваше на три пати, во 2017, 2018 и 2019 година.

Во Лигата на Шампионите беше еден од најефикасните ракометари на Вардар, постигнувајќи вкупно 295 голови, додека во СЕХА лигата за пет години запиша 208 погодоци.

Четири пати со Вардар стана Шампион на Македонија, додека во два наврати го освојуваше националниот Куп. Чупиќ помина незаборавни години во Вардар, додека навивачите ќе посебно ќе го паметат неговиот гол во финалето на ЛШ во 2017 година, кога речиси со звукот на сирената успеа да го совлада Омејер и да донесе прва Европска титула за Вардар.