Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинската Супер лига ќе се прошири од новата сезона на 14 екипи
Младинската Супер лига ќе се прошири од новата сезона на 14 екипи

Младинската Супер лига ќе се прошири од новата сезона на 14 екипи

Сите се надеваме дека натпреварувачката сезона 2021/22 во младинските лиги ќе започне на време и дека ќе тече во најдобар ред. Претходните две сезони поради пандемијата со корона вирусот, не го дочекаа својот крај, по што немаше прогласување  на шампиони во младинските лиги.

Според информациите во новата сезона во најсилната Супер лига ќе се натпреваруваат вкупно 14 екипи, односно нема испаѓање во прекинатата сезона. Куманово Еуроспорт беше тимот кој требаше да се пресели во понизок ранг на натпреварување, додека Ренова и Македонија Ѓ.П исто така водеа борба за опстанок во најсилната младинска лига, но од ФФМ решија дека нема да има испаѓање, односно лигите ќе бидат проширени.

Од втората лига, треба да влезат екипите на Кул и Скопје, па со тоа бројот на екипи натпреварувачи треба да се искачи на 14. Кул доминираше во втората лига, каде имаше голема разлика пред останатите конкуренти, па заслужено обезбеди пласман во најсилниот ранг, додека Скопје беше во тесна борба со Беласица, Куманово и Струга Трм Лум, но сепак во моментот на прекин на лигите, имаа повеќе бодови од споменативе.

Вака треба да изгледа распоредот на екипи кои во новата сезона ќе се натпреваруваат во Супер лигата:

1. Вардар

2. Академија Пандев

3. Победа

4. Шкендија

5. Пелистер

6. Работнички

7. Брегалница

8. Њу Старс

9. Шкупи

10. Македонија Ѓ.П

11. Ренова

12. Куманово Еуроспорт

13. Кул

14. Скопје