Tuesday ,22 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар стартува на Арената!
Вардар стартува на Арената!

Вардар стартува на Арената!

ФК Вардар в сабота ги започнува летните подготовки за новата натпреварувачка сезона. Откако сите играчи ќе ги минат потребните лекарски прегледи, ќе следи тренажен процес, а првиот ќе биде ни помалку ни повеќе – туку на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Како што напишавме во вчерашниот текст, нема дилема – Блажевски ќе биде новиот капитен на Вардар, Илиќ останува прв чувар на мрежата, а Петковски се враќа во Скопје и во Вардар и ќе биде главниот напаѓач оваа сезона во ВМФЛ-Запад. Кај новитетите, тука се искусните и екс играчи на Вардар Петров, Пеев, Стојкоски, Стојанов, како и Љамчевски, Гроздановски.. Ристески и Демир отпаднаа. Едниот замина во Ренова, а пак другиот е пред трансфер во ФК Скопје. Во текот на следните неколку денови треба да потпише и уште едно квалитетно и проверено фудбалско име.

Се на се, ќе видиме в сабота кои играчи ќе се појават на првата прозивка на новиот тренер Горан Симов.