Иако беше најавено дека официјално утре вардарци ќе ги започнат летните подготовки, сепак, тоа нема да биде така, но утре и во четврток играчите сепак ќе имаат обврски – ќе заминат на лекарски прегледи, така барем велат информациите во овој момент.
Значи, утре и во четврток ,,црвено – црните” ќе заминат на лекарски прегледи, а потоа (се споменува петок или сабота) ќе започнат со подготовките за новата сезона која за нив започнува на 22-ри, идниот месец.
Засега не е познато кои играчи остануваат во Вардар. Според информациите на ,,Вардар Фанс” , Блажевски со сигурност ќе биде новиот капитен на тимот, Илиќ останува прв чувар на мрежата, а во тимот се враќа и Филип Петковски. Се чека и на младиот Величковиќ, како и на Лазаревиќ и Најденов од минатата сезона.
Останува да видиме како ќе течат работите во ФК Вардар во следниот период.