Денес беа поставени „темелите“ на соработката помеѓу нашиот ЖРК Вардар и екипата од Босна и Херцеговина, тимот на РК Хаџичи Интерлогистик. Средбата се одвиваше во Скопје, на истата од црвено-црниот тим беше најдобарата македонска ракометарка на сите времиња и функционер во екипата, Индира Кастратовиќ, а гостинот го преставуваше директорот на тимот, г-н Неџат Турнаџиќ.
Договорена е блиска соработка на двата женски колективи, размена на искуства што е драгоцено за напредокот на двата тима. Младите вардарки ќе бидат гости кај тимот од Босна и Херцеговина на турнир за кој веќе има начелна покана, ќе се одржуваат заеднички тренинзи на првите и младите екипи, ќе има меѓусебни дуели и други ракометни заеднички проекти за кој веќе се направени првите планови. Ова само ќе донесе квалитет плус за нашиот тим кој се обидува да изгради одличен млад колектив кој ќе игра во европските купови создаден од свои ракометарки.