Челните луѓе на СЕХА-лигата ги објавија термините и саатниците за 1/4 финалните дуели во ова натпреварување.
Од претходно беше познато дека на 26.август во Скопје и на 31.август во Загреб ќе се одиграат двата натпревари на Вардар и ППД Загреб.
Позната е саатницата за првиот дуел во С.Ц. Јане Сандански. Натпреварот ќе се игра во вечерен термин од 20:15 часот. Дополнително ќе биде објавено во колку часот ќе стартува и реваншот во Загреб.
Доколку Вардар го елиминира шампионот на Хрватска, црвено-црните ќе се најдат на завршниот турнир, кој повторно ќе се одигра во Задар во перидот од 3-5.септември.