Искусниот дефанзивец Трајче Стојковски кој ја носеше капитенската лента на Борец пред две сезони, практично се враќа во Вардар, онаму каде што и ја започна професионалната фудбалска кариера.
Трајче Стојковски (32), важи за искусен и проверен дефанзивец. Освен за екипата на Вардар има настапувано и за екипи како Тетекс, Борец, Македонија ЃП, Гостивар.. Последната сезона ја мина во тимот на Гостивар. Најдобро го паметиме кога беше капитен на Борец, а Вардар гостуваше токму на стадионот „Зоран Паунов“. На тој натпревар одигра одлично иако неговиот тим загуби со 0:1.
Му посакуваме добродојде назад во ФК Вардар на Трајче Стојковски.
Видео од новиот ,,црвено – црн” фудбалер, погледнете ТУКА.