Не секој фудбалер кој го носел дресот на Вардар може да се пофали дека има преку 150 официјални натпревари одиграно во ,,црвено – црниот” дрес. Еден од нив е Филип Петров. Крилниот играч уште во 2005 година го имаше деби натпреварот за Вардар, каде остана се до 2009 година за потоа да замине во Србија. Второто негово враќање во Вардар беше во периодот од 2011-2015 година, кога одигра 110 официјални натпревари и постигна 25 погодоци.
За Петров ова ќе биде трето враќање во ФК Вардар, онаму каде што ја започна фудбалската кариера. Крилниот играч освен за тимот на Вардар, има настапувано и за Јавор од Србија, Тетекс, Пелистер, Македонија ЃП и за Борец.
Петров со своето големо искуство и со споменатите натпревари и голови во дресот на Вардар, треба да биде големо засилување за тимот во Втората лига.
Му посакуваме добродојде дома, во ФК Вардар на Филип!
Фото: Кочо Сотировски