ФК Вардар договори големо засилување за новата сезона. Искусниот дефанзивец Ненад Мишковски (34), доаѓа во редовите на ,,црвено – црните”.
Мишковски одигра одлична сезона во екипата на Ренова каде беше стандарден, одигра вкупно 31 натпревар и постигна еден погодок. Мишковски се враќа во Вардар по цели 15.години. Во својата кариера покрај за овие две екипи, има настапувано за Тетекс и Шкендија. Со него, Вардар ги комплетира централните дефанзивци. Тука се Стојанов, Стојковски и младиот Мицевски.
Од друга страна, во следните ден-два ќе биде познато дали Филип Илиќ ќе остане во редовите на Вардар и дали ќе биде прв чувар на мрежата и сезонава. Доколку си замине, тогаш Вардар со сигурно ќе бара нов прв голман за новата сезона. Останува да видиме дали Илиќ ќе остане, или ќе си замине од таборот на вардарци.