Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лидерот Холандија, денес ривал на црвено-жолтите девојки
Лидерот Холандија, денес ривал на црвено-жолтите девојки

Лидерот Холандија, денес ривал на црвено-жолтите девојки

Денес во рамките на треттото коло во групната фаза на ЕХФ Шампионатот за младинки во Скопје, Македонија ќе има тешка задача и ќе игра со лидерот во групата. Наш ривал е силната селекција на Холандија, станува збор за одличен тим кој има максимални 4.бода по 2.кола.

Девојките на Савевски ќе мора да дојдат до позитивен резултат за да ги задржат шансите за пласман на првите две позиции во групите кои носат место  во полуфиналето.  Во оваа селекција има шест вардарки, подоцна во текот на денот ќе се објави составот за денешниот предизвик.

Натпреварот се игра со почеток во 20:30 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Судии на оваа средба се романците: Михаи Мариан и Михаи Потирниче.