Утре, РК Вардар 1961 ќе означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона. Под водство на Веселин Вујовиќ и многу нови играчи, црвено-црните ќе го имаат својот прв собир во С.Ц. Јане Сандански.
Главниот дел од подготовките ќе се реализира на Златибор, додека во месец август се закажани турнирите во Струга и во Магдебург.
На подготовките треба да се приклучат сите засилувања, со исклучок на Едуардо Гурбиндо кој со репрезентацијата на Шпанија се подготовува за претстојните олимписки игри во Токио.
За Вардар се уште „виси“ настапот во Лигата на Шампионите, откако ЕХФ им даде рок до 27.јули да дадат депозит од 1.милион евра.