Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Данески: Ангажманот во ЖРК Вардар за мене претставува голем предизвик
Данески: Ангажманот во ЖРК Вардар за мене претставува голем предизвик

Данески: Ангажманот во ЖРК Вардар за мене претставува голем предизвик

ЖРК Вардар се засили во стручниот штаб ова лето со  кондиционен тренер и физиотерапевт. Нашиот тим е единствена женска екипа досега во Македонија која ќе има свој тренер задолжен за физичката подготовка. Раководството на нашиот колектив вложува напори и покрај ограничените финансиски средства на девојките да им овозможи модерни услови за подготoвка и натпреварување. Кондиционен тренер на тимот ќе биде Борис Данески, етаблиран, млад и искусен тренер. Вардар Фанс токму со него ви носи интервју, за да го запознаеме подобро новиот член на тимот.

-На почетокот  на ова запознавање со новиот вардарец, побараме да ни открие  зашто баш кондиционен тренер е неговиот животен повик и  како се случи да го избере овој правец како своја специјалност.

Отсекогаш сакав да се занимавам со оваа професија, желбата ми се јави уште од дете, а се после тоа беше амбиција да се постигнат високи резултати и да се биде се подобар и подобар. Мојата детска желба се преточи во предизвик, потоа предизвикот во професија, па може да кажам дека го работам она што сум го сонувал како млад, тоа ме прави посебно среќен. 

212379729_10219874937766042_2069463754246868343_n

-Како тренер задолжен за кондиционата подготовка на спортистите, новиот член на Вардар има богато искуство од десет години на ова поле. 

Конкретно како кондиционен тренер работам во последниве десет  години. Сум работел за неколку клубови, но најчесто мојот ангажман се сведува на индивидуални тренинзи со спортисти од различни спортови. Голем предизвик преставува за мене е да  се подготви ваква екипа која била при врвот во лигата и има високи цели и оваа сезона. Имам работено и како асистент на легендарната Лојаница, девојката која го подготвуваше РК Вардар за освојувањето на европскиот врв. 

-Го запрашуваме што  претставува ангажманот во Вардар, кои се визии и цели со девојките кој  ќе се обиде да ги реализира. За Борис ова е прво искуство со женски ракометен тим, и истото претставува предизвик и за него.

Ангажманот во женскиот ракометен тим „Вардар“ за мене претставува голем предизвик на професионален план. Целите и визиите се многу високи, истите веќе ги имам поставено,  но сепак  сметам дека треба да одиме чекор по чекор со реализацијата на истите во претстојната сезона со вардаровиот тим. Не очекуваат дуели на три фронта, два домашни и еден европски предизвик, па затоа треба трпение и многу, многу работа. 

-Ја искористивме оваа прилика со еминентен тренер да разговараме и за тоа, колку е важна кондициската подготовка за еден играч во модерниот спорт и дали  избегнувањето на повредите се поврзани со овој дел од подготовката на секој спортист. 

211760748_10219874936446009_3091140391406791120_n

Во секој спорт кондициската подготовка е клучен фактор од кој што зависат успесите на секој спортист. Исто така секој спорт со себе си носи изложеност на најразличен вид на повреди, но со добра кондициска подготовка ризикот за истите се сведува на минимум, тоа е голема предност на добрите и врвно подготвените спортисти во денешни услови. Можам да кажам дека некои од причините за повреда при спортување може да бидат несоодветен начин на загревање, недостаток на кондиција или пак неприлагодени методи за тренинг, моја цел е да ги анулирам сите тие фактори како можна опасност за девојките на црвено-црниот тим.

-Данески целосно се посветил на тренерската работа, има завршено високо образование на државниот факултет во Скопје. Покрај тоа има многу други обуки за комплетирање на образованието, како кондиционен тренер, нешто што го работи веќе една деценија.

Имам дипломирано на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје како „Тренер по атлетика“. Покрај тоа имам следено и учествувано на многу семинари во земјава и странство посветени за мое  усовршување како кондицононен тренер. Постојано се едуцирам и ги следам новините во таа област, со цел усовршување и напредок на моите методи на работа- завршува Данески.