Искусниот Оливер Пеев е едно од засилувањата на Вардар за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). 34-годишниот играч за врска се враќа во редовите на ,,црвено – црните”, онаму каде што започна. Уште во сезоната 2009/10 Пеев одигра 12 натпревари за нашиот тим и постигна еден гол.
Пеев исто така во кариерата настапуваше и за Работнички, Пелистер, Металург, Шкендија, Тетекс, Борец, последен клуб му е Беласица, а има играно и за уште неколку грчки клубови, како и за тимот на Болупсор од Турција. Пеев со своето искуство и со стабилноста на теренот, треба да биде лидер на средината на теренот и да ја организира играта на ,,црвено – црните”.
Првиот настап за Вардар ќе го има идната среда, на контролен натпревар против Каменица Саса.
Добродојде назад во ФК Вардар за Оливер Пеев!
Фото: Кочо Сотировски