Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар соопштение за мечот со Работнички кога ќе се доделува пехарот
ФК Вардар соопштение за мечот со Работнички  кога ќе се доделува пехарот

ФК Вардар соопштение за мечот со Работнички кога ќе се доделува пехарот

Нашиот фудбалски клуб  Вардар во  четврток  на  арената „Филип Втори“ со почеток 16:30 часот ќе го одигра последниот меч од сезонава со Работнички. На истиот ќе ни биде доделената 10-та титула во нашата црвено-црна 69 годишна историја. ФК Вардар за овој меч излезе со сопштение во кое се вели :

Со цел натпреварот да биде организиран на највисоко ниво и настаните да минат во најдобар ред, денеска беше одржан состанок помеѓу клупските раководства на двата тима, на кој присуствуваа и официјални претставници од ФФМ и МВР.

На состанокот беше одлучено дека оваа средба, заинтересираните љубители на фудбалот ќе може да ја проследат во живо, единствено од Јужната трибина. Притоа, за нашите верни „Комити“ ќе биде отворен југозападниот влез на стадионот, додека влезот за останатите гледачи ќе биде од југоисточната страна.

Влезните билети ќе чинат 100 денари и истите ќе може да се набават од билетарата на стадионот, која на денот на одигрувањето на натпреварот ќе работи од 12 часот. Нешто подоцна, односно од 14:30 часот ќе бидат отворени и вратите на Јужната трибина.

ФК Работнички како домаќин на натпреварот има право да ги примени сите законски пропишани мерки за спречување на насилството на спортските терени. Затоа апелираме до нашите симпатизери, во манир на вистински вардарци да се однесуваат достоинствено и одговорно на трибините од најголемиот фудбалски храм во земјава, изграден за доброто на фудбалот и спортот во Македонија.

По одигрувањето на предвидените 90 минути, на нашите фудбалери ќе им биде врачен и шампионскиот пехар за актуелната сезона 2015/16. Раководните луѓе на градскиот сосед, без никаков приговор го прифатија нашето барање, да можеме токму заедно со вас драги наши навивачи, да ја прославиме јубилејната 10. титула во „црвено-црната“ историја. Оттука, во најмала рака сме должни да бидеме примерни гости и со нашето фер и коректно навивање да им одржиме лекција по спортска култура на останатите, кои само покажуваат дека во многу нешта се далеку зад нас.