Изминатиов викенд се одигра претпоследното коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник ни беше екипата на Ренова, против која забележавме три победи и еден пораз.
-Помладите пионери со триумфот на домашен терен ги задржаа шансите за титулата, откако во последното коло ќе влезат со еден бод негатива пред екипата на Работнички. Нашите млади надежи го добија тимот на Ренова со резултат 3:1. Стрелци на головите беа Виктор Петкоски, Давид Астарџиев и Марио Асенов. Погледнете ги сите погодоци од овој натпревар.
-Пионерите на ФК Вардар со триумфот против овој противник се најдоа на чекор до титулата во лигата. Во последното коло гостуваме како лидери на тимот на Милано, против кој ни е потребен триумф за заверка на титулата. Домашниот меч со Ренова го гобивме убедливо со 7:1. Головите беа дело на Марко Ѓорѓиевски (2), Александар Ѓеоргиески, Саит Битиќи, Јакуп Бериша, Мартин Филипоски и Милан Благојевиќ. Головите од овој дуел можете да ги погледнете на видеото.
-Кадетите после поразот од Металург во претходното коло ги загубија шансите за титулата, па последните две кола за нашите кадети се само борба за повисок пласман на табелата. Очигледно е дека сите сили се чуваат за финалниот меч во купот, против тимот на А. Пандев. На гостувањето во Тетово беве минимално поразени со 2:1. Михаил Геговски беше стрелец на единствениот гол за Вардар.
Најголемата победа во дуелите со Ренова ја постигнаа Вардаровите младинци, триумф кој им донесе титула на коло пред крајот на сезоната. Погодокот вреден титула беше дело на Стефан Тасески. Црвено-црните имаат можност за двојна круна, доколку бидат подобри во финалето на купот од Академија Пандев. Погледнете го шампионскиот гол на Тасески.