Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор лига: Познати учесниците во финалето и малото финале кај машките и девојките во генер.2000/01
Јуниор лига: Познати учесниците во финалето и малото финале кај машките и девојките во генер.2000/01

Јуниор лига: Познати учесниците во финалето и малото финале кај машките и девојките во генер.2000/01

Кај генерацијата на ракометари и ракометарки родени 2000 и 2001 година во големиот црвено-црн проект кој се реализира прва година ракометната “Вардар Јуниор лига“ останаа само уште финалните мечеви, чии учесници по одигрувањето на полуфиналните дуели минатата сабота во спортскиот центар “Јане Сандански“ веќе се познати. Според пропозициите поразените екипи ќе  имаат шанса да играат т.н мало финале односно меч за освојување на третото место во оваа конкуренција 2000/2001 кај момчињата и девојките.

Во двете конкуренциии во регуларниот дел имаше по шест тима кои одиграа двокружно и по одиграните десет кола првопласираните четири екипи одиграа полуфинални мечеви по системот : прво со четврто и второ со третопласина екипа. Најголемото изненадување во полуфиналните пресметки го остварија младите ракометарите од екипата на РК Урдаревски Вардар  кои во регуларниот дел од сезоната го освоија четвртото место на табелата со само  8 бода и како најслабо пласирани од машката група играа со лидерот фаворизираниот тим на РК Бисинов Вардар кој имаше  десет победи од исто толку меча и заврши со максимални 20 бода. Сепак по многу борба момците предводени од клупата од Димовски  направија тотално изненадување. Кај девојките без поголеми изненадувања лидерот Делчево си обезбеди финале, тоа беше тим кој кај младите дами имаше 100% ефект и освои 20 максимални бодови во регуларниот дел од сезоната за генерација 2000/2001. Кај дамите во  финалето ќе играат Делчево Вардар и Филип Вардар, а во натпреварот  за трето место ќе се сретнат екипите на  Академија 2 и тимот на РК Кузман Вардар . Кај момчињата Урдаревски во финалето ќе се есретне со екипата на Академија 3, а пак Илинден Вардар ќе се бори за третата позиција со фаворитот кој беше изненаден во полуфиналниот дуел екипата РК Бисинов.