Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Денес ЖРК Вардар Јуниор го пречекува Металург во клучниот меч за втората позиција
Денес ЖРК Вардар Јуниор го пречекува Металург во клучниот меч за втората позиција

Денес ЖРК Вардар Јуниор го пречекува Металург во клучниот меч за втората позиција

Помладиот женски ракометен колектив екипата на ЖРК Вардар јуниор предводена од македонскиот селектор на А-селекцијата ракометниот стручњак Симе Симовски денес ќе го одигра за нив клучниот меч од плеј-офот во Скопско Супер лигата. Во овој најважен меч за нив во овој дел од сезоната во единствената женска ракометна конкуренција младите вардарки ќе се обидат со победа да ја обезбедат втората позиција веднаш зад првотимките на црвено-црните.

Јуниорките и Металург се во меѓусебна борба за втората позиција зад “ѕвездениот состав“ на Кастратовиќ и Камара која ќе донесе настап во ЕХФ-купот следната сезона. Овие две екипи се сретнаа минатиот викенд во салата “Автокоманда“ во тој дуел кој беше меч од полуфиналето на Ф-4 турнирот во Купот на Македонија поуспешен колектив беше сино-белиот, кој потоа во финалето беше “потопен“ од ЖРК Вардар. На денешниот меч ние сме домаќинки во спортскиот центар “Јане Сандански“ и истиот е закажан со почеток во 16-00 часот. Во првиот меѓусебен плеј-оф дуел помеѓу овие два тима одигран во Автокоманда на 22-ри минатиот месец бевме минимално поразени со 26-25, така да избраничките на Симовски ќе атакувата на победа со минимум два гола предност бидејќи според состојбите во женскиот мак.ракомет ако не се случи некое изненадување меѓусебниот дуел ќе го даде освојувачот на вице-шампионската позиција во женскиот клубски домашен ракомет.